Ѕвездата на Тотенхем, Дејан Кулушевски неодамна го навлече гневот на македонската јавност кога одби да зборува на македонски јазик за „Спорт Клуб“.




Таткото на Кулушески, Стефан, иако Македонец по потекло е роден во Шведска, додека неговата мајка, Катица е родена во Македонија и се преселила во Шведска како возрасна.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тој сепак во интервју за „Гардијан“ објасни дека за него и неговото семејство Македонија е многу важна.




„За моето семејство, но и за мене, Македонија е многу важна. Мајка ми постојано ми вели дека никогаш не треба да заборавиме од каде доаѓаме. Секое лето одам во Македонија и многу ми се допаѓа. Секогаш сум велел дека најдобро би било да можев да играм и за Шведска и за Македонија. Но, кога веќе морав да бирам, ја одбрав Шведска зашто таму сум и роден“, изјави Кулушевски.