Дома Македонски спорт Мак фудбал Продажбата на влезниците за Италија – Македонија продолжува до вторник

Продажбата на влезниците за Италија – Македонија продолжува до вторник

Фудбалската федерација на Македонија информира дека љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 24. март меѓу Италија – Македонија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен и навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12:00 часот. 

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. 


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници“, информира ФФМ.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…