Денес во рамки од ПМФЛ се играа натпревари од 24. коло.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сигурно за издвојување од денешните натпревари е победата на Пелистер против Брегалница. Оваа победа на битолскиот состав ќе ја издвоиме затоа што е прва во сезоната. Во досегашниот дел од сезоната Пелистер имаше седум нерешени натпревари и 16 порази и затоа е последен на табелата со големи шанси наредната сезона да игра во втора лига.




Победата за Пелистер ја обезбеди Љамчевски со голот во 23. минута од натпреварот. До крајот видовме по некоја шанса на двете страни, а конечните беа поставени во финишот од мечот.




Шкендија на гостински терен забележа победа против Скопје од 0:2. Тетовци постигнаа по еден гол во првото и второто полувреме. Голот на Бразилецот Менсалао во првото полувреме беше вистинска мајсторија. За 0:2 се погрижи Шала во 64. минута.




Македонија Ѓорче Петров со голот на Давид Атанасковски го победи Борец во Велес со 0:1. Ренова во Тетово го победи Работнички со 2:1, додека Академија Пандев славеше на гости кај Тиквеш со истиот резултат.
Фото: ФК Пелистер