Oд 2023 година Србија ќе има два претставника во Лигата на шампионите, а еден од нив ќе оди директно во групната фаза во ЛШ.
По испаѓањето на Базел и Гент од Европа, Швајцарците и Белгијците не можат да ја престигнат Србија на клупската ранг листа на УЕФА и тоа значи дека Србите добиваат два клуба во најелитното европско натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Србија ќе има директен пласман во групната фаза, а вториот тим ќе игра квалификации.
Покрај тоа победникот на Купот на Србија ќе игра во плеј-офот за пласман во Лига Европа, тоа значи дека во случај на пораз таму ќе има место во групната фаза во Конференциската лига.