Поранешниот италијански шампион Јувентус ja подобри ситуацијата од почетокот на сезоната во Серија А и изгледа дека полека се вклучува срамежливо во битката за Скудетото, но огромно разочарување за клубот од Торино беше вчерашната елиминација од Лигата на шампионите.
Трета година во низа Јувентус е елиминиран во осминафиналето, а претходно испадна во четвртфиналето што и тоа не е некој голем дострел во согласност со амбициите на клубот. Од друга страна токму претседателот на Јувентус е еден од главните заговарачи на реализирањето на проектот на Суперлигата која би била лига само за богатите и моќните клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ањели заедно со Перез беа луѓето кои се обидоа буквално да ја уништат Лигата на шампионите со изговр дека Суперлигата ќе донесе поквалитетни натпревари. Меѓутоа очигледно Ањели треба прво да се позанимва со составот на неговиот тим затоа што прашање е колку овој Јувентус заслужува т.н Суперлига ако се знае дека во последните четири години беше елиминиран од Ајакс, Лион, Порто и сега Виљареал.