Дома Македонски спорт Мак фудбал Фатих Исмаили: Ние сме Шкупи и во Струга одиме на победа

Фатих Исмаили: Ние сме Шкупи и во Струга одиме на победа

Oткако во минатото коло го совладаа Работнички на Чаир со 3:1 лидерот Шкупи утре ќе ја брка 18. победа во сезоната. Противник на Шкупи ќе биде Струга Трим.

Во ноември Шкупи славеше убедливо со 4:0 на свој терен, па сега посакуваат нова победа. Фатих Исмаили се враќа во редовите на Шкупи после повредите.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Во струга одиме на победа и не разговараме за тоа. Работевме континуирано и максимално сме подготвени за овој натпревар. Струга има добар тим со добри играчи, но ние сме Шкупи и одиме на победа. Среќен сум што се враќам во тимот после повредите и се надевам дека ќе му помогнам на тимот во преостанатите натпревари“, изјави Исмаили.

За овој натпревар ФФМ како главен судија го делегираше нашиот најдобар арбитар Александар Ставрев.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…