Дома Фудбал Потврдено: Зајков до крајот на сезоната ќе игра во Бугарија

Потврдено: Зајков до крајот на сезоната ќе игра во Бугарија

Maкедонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков оваа зима си замина од Бугарија и направи трансфер во Ворскла од Украина, но поради војната во оваа земја мораше да си замине на одреден период.

Сега претседателот на бугарскиот клуб Славија Софија. Венци Стефанов потврди дека го ангажирале Зајков на позајмица до крајот на сезоната.

„Го ангажиравме Зајков. Тој ќе игра за Славија како позајмен фудбалер до крајот на сезоната“, изјави претседателот на бугарскиот клуб.

По завршувањето на сезоната Зајков би требало да се врати во Ворскла, но се зависи од ситуацијата во Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски без Стојчевски за ноемвриските дуели со Шкотска и Словенија

Повреда во пределот на препоните ќе го оддалечи Андреј Стојчевски од терените меѓу четири …