Дома Фудбал Порака од навивачите на ПСЖ до Леонардо и Ал Келаифи – надвор од нашата земја!

Порака од навивачите на ПСЖ до Леонардо и Ал Келаифи – надвор од нашата земја!

Навивачите на ПСЖ го искажаа своето незадоволство кон управата на клубот така што испишаа графити на стадионот на „светците“, Паркот на принцовите.

Денес на стадионот се појавија пораки со натпис: Леонардо, Насер, надвор од нашата земја.

Фановите на ПСЖ не се задоволни затоа што 11. година од кога се Катарците во клубот не успева да направи посериозен успех во Лигата на шампионите што беше главна цел. Сезонава од Европа се простија уште во 1/8 финалето со поразот од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартовска битка со Кипар: Македонија ќе го брани местото во Б-дивизијата

Македонија ќе гостува во првиот бараж-дуел со Кипар, а реваншот ќе го игра дома. Двомечот …