Дома Фудбал Лига на шампиони Рагник: Роналдо против Тотенхем беше добар, но не и одличен

Рагник: Роналдо против Тотенхем беше добар, но не и одличен

Maнчестер Јунајтед утре во рамките од Лигата на шампионите ќе го пречека Атлетико Мадирд.

„Црвените ѓаволи“ важат за фаворити во овој натпревар откако во Мадрид одиграа 1:1. Сепак јасно е дека Атлетико нема лесно да се предаде. Предводникот на Манчестер Јунајтед Ралф-Рагник зборуваше денес на прес-конференцијата пред овој дуел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На Атлетико не му е проблем противникот да го има поседот на топка. Тие знаат да имаат и помалку од 50% посед на топка, така беше во последните нивни натпревари во Ла Лига. Свесни сме колку ќе биде важно да постигнеме први гол, односно да не примиме рано. Идеално би било воопшто да не примиме гол“.

Рагник го прокоментира и настапот на Роналдо кој против Тотенхем постигна хет-трик.

„Неговиот перформанс беше добар, но не одличен, се надевам ќе блесне и против Атлетико. Меѓутоа не е само Кристијано сакам залагање од целиот тим“, порача Рагник.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ е закажан за утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …