Дома Фудбал Франција Само двајца фудбалери на ПСЖ не беа мета на навивачите

Само двајца фудбалери на ПСЖ не беа мета на навивачите

Фудбалерите на ПСЖ триумфираа со 3-0 против Бордо, меѓутоа во текот на целиот натпревар добиваа критики од нивните навивачи.

Фановите ги навредуваа „светците“ поради елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) од Реал Мадрид. Најголеми критики добија Лионел Меси и Нејмар, а свирежи немаше само кога топката беше за Килијан Мбапе и Ашраф Хакими.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Мбапе ги поздрави со гол, додека Хакими не даде погодок, меѓутоа доби аплауз од трибините кога излезе од теренот во 88. минута.

Незадоволството во Париз е огромно, па така навивачите на стадионот испишаа дека ПСЖ никогаш нема да биде катарски и така испратија јасна порака до богатите газди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…