Дома Фудбал Франција Французите со жестоки критики: Нејмар е симбол на се погрешно во ПСЖ, Меси се шета по теренот!

Французите со жестоки критики: Нејмар е симбол на се погрешно во ПСЖ, Меси се шета по теренот!

Навивачите на ПСЖ и понатаму се разочарани ПСЖ и понатаму се разочќарани што тимот од француската престолнина после голем пресврт уште еднаш е елиминиран од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Незадоволството фановите го искажаа во натпреварот од Лига 1 против Бордо, а медиумите продолжија да ги критикуваат пред се двете најголеми ѕвезди Лионел Меси и Нејмар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Нејмар? Не само што дозволивме овој играч да ни наштети, туку го претворивме во чудовиште. Нејмар стана чудовиште кое дури не е ниту фудбалер. Тој сега е симбол на се погрешно во нашиот клуб. Тој ја има најголемата плата во историјата на ПСЖ и требаше да не одведе до врвот, а сега го мразат каде и оди. Неговото однесување, промена на расположение…Невозможно е некој да е толку омразен. Никогаш го во историјата претходно не постоел фудбалер кој бил толку презиран“, изјави новинарот на француската телевизија Даниел Риоло.

Од друга страна од критики не беше поштеден ниту седумкратниот освојувач на Златната топка, Аргентинецот Лионел Меси. Покрај Нејмар и него го критикуваше некогашниот ас на Монако и ПСЖ, Жером Ротен.

„Што е до мене, одговорни за неуспехот се Нејмар и Меси. Кога Леонардо го доведе Меси, двајцата беа ставени на пиедестал, секогаш ни зборуваа како се тие легенди кои скапо ги плативме. Не ги напаѓач Марко Верати, Данило, Леандро Паредес или Килијан Мбапе. Мене ми се проблематични овие двајца платеници. Не сакам да зборувам дека Меси е промашување, но тоа не е далеку од вистината. Се шеташе по теренот, Лука Модриќ го стави во џеп“, изјави 43-годишниот Ротен кој од 2003 до 2007 година беше француски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…