Дома Фудбал Германија Нико Ковач пред враќање во германскиот фудбал

Нико Ковач пред враќање во германскиот фудбал

Викендот кој е зад нас донесе тренерска смена во Бундеслигата.

Екипата на Херта го отпушти Тајфун Коркут, со него замина и неговиот помошник, Илија Арачаиќ. Во медиумите веќе се шпекулира дека ново име на клупата ќе биде Нико Ковач кој има големо искуство во германскиот фудбал.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Од повеќе причини не можеме да ги надградиме нашите успеси. Сакам да се заблагодарам на клубот за одличната и отворена соработка и да им посакам опстанок во Бундеслигата“, изјави Коркут.

Коркут ја презеде Херта во ноември 2021 година кога на клупата го наследи Пал Дардаи. После 26 одиграни кола во Бундеслигата клубот е на претпоследното место на табелата со 23 бодови на своето конто. Во Германија Ковач ги водеше Ајнтрахт и Баерн Минхен, додека добар дел од својата играчка кариера помина во Херта како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер ќе биде без Тирам околу еден месец

Напаѓачот на Интер, Маркјус Тирам, ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повре…