Дома Македонски спорт Георгиевски: Добивме еден од најтешките противници, Романија е квалитетна репрезентација

Георгиевски: Добивме еден од најтешките противници, Романија е квалитетна репрезентација

Ракометната репрезентација на Македонија вчера го имаше првиот официјален собир пред двомечот во баражот за Светското првенство во кој ќе играме прво со Романија.

Гоце Георгиевски кој е еден од најискусните ракометари во нашите редови смета дека не очекува еден тежок противник.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фаворити сме на хартија, но можам да кажам дека го добивме еден од најтешките можни противници. Познат противник против кој игравме еден бараж, но од тогаш и кај нив и кај нас се сменија многу работи. Во Романија главниот акцент беше ставен на женскиот ракомет, но со враќањето на Чави Пасквал за селектор и поставување за тренер на Динамо Букурешт покажаа колку сакаат да го кренат ракометот. Имаат квалитетни играчи, подолго време не се на големите натпреварувања, но мислам дека се на вистинскиот пат“, изјави Георгиевски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Романија се игра в четврток од 19:30 часот, а реваншот е два дена подоцна во Букурешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…