Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона покажува сериозен интерес за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.
22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чави е „заљубен“ во играта на Леао и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.
Главна цел на Барселона ова лето ќе биде Халанд, но конкуренцијата за Норвежанецот е огромна, па како алтернатива се споменува Леао.
Каталонците се во одлични односи со неговиот менаџер Жорге Мендеш и ќе се обидат да го донесат на „Камп Ноу“.
Barcelona are attentive to Rafael Leão of AC Milan. The 22-year-old's agent is Jorge Mendes, who has a great relationship with the club. [sport]
— barcacentre (@barcacentre) March 10, 2022