Дома Фудбал Навивачите на ПСЖ ги исвиркаа Меси и Нејмар🎥

Навивачите на ПСЖ ги исвиркаа Меси и Нејмар🎥

ПСЖ лесно го победи Бордо на домашен терен, но навивачите на парискиот клуб не ја заборавија раната елиминација во Лигата на шампиони.

Во текот на целиот натпревар се слушаа свирежи од трибините, а најсилно исвиркани беа Меси и Нејмар.

При претставувањето на фудбалерите пред почетокот на мечот  публиката ги исвирка сите, освен Мбапе и Нуњо Мендеш.

Меси прв пат во кариерата доби свирежи од своите навивачи, а за Нејмар имаше и навредливи скандирања од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…