Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија Ивица Обрван изненадувачки ја напушти функцијата селектор во Босна и Херцеговина.
Искусниоит стратег лани потпиша договор на четири години меѓутоа поради неиполнетите обврски од странан а Ракометниот сојуз на БиХ одлучил да си замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бидејќи не се исполнети обврските кон мене, но посебно после медиумските истапи на претседателот на РСБИХ во последните денови одлучив дека не е можно да дојде до продолжување на соработката. Следните постапки ќе бидат преземени од мојот адвокат. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката што ја добивав и на играчите и стручниот штаб за соработката“, стои во писмото на Обрван.
Босна сега ќе мора да бара нов селектор, а на 16 и 19 март босанците ги очекува бараж натпревари за СП против Грција. Предводник на репрезентацијата во овие два натпревари ќе биде веројатно неговиот асистент Тони Чолина.