Францускиот новинар Даниел Риоло кој работи за угледниот РМЦ испрати жестоки критики за Нејмар после елиминацијата на ПСЖ од Реал Мадрид (1:3).
Нејмар во редовите на ПСЖ дојде за рекордни 222 милиони евра летото 2017 година, но долго време помина надвор од теретани и не ги оправда во целост вложените средства. Последен помеѓу оние кои го критикуваат беше новинарот Риоло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нејмар е идиот и треба да си замине од ПСЖ! Негово место повеќе е модната писта отколку фудбалскиот терен“, порача Риоло.
Бразилецот вчера беше асистент при голот на Мбапе за водство, меѓутоа „светците“ беа елиминирани откако Бензема во вториот дел постигна три гола.