Дома Фудбал Англија Властите го „замрзнаа“ имотот на Абрамович, Челзи не може да биде продаден

Властите го „замрзнаа“ имотот на Абрамович, Челзи не може да биде продаден

Владата на Велика Британија воведе санкции за сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович.

Рускиот милијардер е еден од седумте руски олигарси чии имоти се целосно замрзнати на Островот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во документот на Министерството за финансии на ОК објавен на интернет, Абрамович е опишан како „про-Кремљ олигарх“ кој има блиски асоцијации со рускиот претседател Владимир Путин.

Ова значи дека во моментов е „замрзнат“ и фудбалскиот клуб Челзи, кој ќе работи со специјална лиценца. Забрането му е на клубот да продава билети и може да присуствувата само тие кои имаат сезонски билети.

Се додека клубот е „замрзнат“ ниту еден играч нема да може да биде потпише нов договор, ниту да биде купен нов фудбалер. Исто така продажбата на клубот е ставен на „чекање“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…