Реал Мадрид вчера го елиминираше ПСЖ, а херој на „кралевите“ беше Карим Бензема кој постигна хет-трик во второто полувреме.
На стартот од натпреварот изгледаше дека Реал ќе биде елиминиран, ПСЖ имаше вкупни 2:0, но тогаш „кралот“ предводен од Бензема стапи на сцена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Реал Мадрид е жив и никогаш не се предава. Ова е посебна ноќ, горд сум што станав трет најдобар стрелец во историјата на клубот. Но, тука не застанувам. Сакам да постигнувам голови, повторно ип овторно. Благодарност до сите навивачи на Реал“, изјави Французинот.
Со овие два гола Бензема дојде до бројката од 309 голови во кариерата во „белиот дрес“.