Дома Фудбал „Магичен“ Бензема го шокира ПСЖ, Реал во четвртфинале🎥

„Магичен“ Бензема го шокира ПСЖ, Реал во четвртфинале🎥

Реал Мадрид со фантастичен пресврт го победи ПСЖ со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Херој за „кралевите“ беше Карим Бензема кој постигна хет-трик за 17 минути за големо славје во Мадрид и пласман во четвртфинале.

Првото полувреме помина во знакот на Килијан Мбапе, кој беше перманентна закана за „кралевите. Најпрво Куртоа му одбрани два удари, а потоа постигна гол во 40-та минута за водство на ПСЖ.

„Светците“ добро го контролираа мечот до 61-та минута, кога Донарума направи катастрофална грешка и му подари гол на Бензема. Потоа следуваше фуриозен дел на Реал, па за само неколку минути Бензема постигна уште два гола за конечни 3:1.

Другиот патник во четвртфинале е Манчестер Сити, кој вечерва одигра 0:0 со Спортинг Лисабон, но работата ја заврши во првиот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…