Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Работнички ја сруши Шкендија на Арената, реми на Шкупи во Тетово

ПМФЛ: Работнички ја сруши Шкендија на Арената, реми на Шкупи во Тетово

Денес во рамките од ПМФЛ се одиграа пет натпревари.

Изненадувањето на колото можеби го приреди Работнички кој успеа да ја совлада Шкендија на Арената „Тодоро Проески“. Натпреварот беше отворен со еден прекрасен гол на Марио Станковски во 22. минута, меѓутоа Шала изедначи само една минута подоцна. Конечните 2:1 беа поставени во вториот дел со голот на Рушевиќ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Академија Пандев забележа убедлива победа од 5:0 против Борец на свој терен, па со оглед на ремито на Шкендиај ги прескокна на табелата и сега тие се втори зад лидерот Шкупи кој ова коло одигра 0:0 со Ренова. Шкупи има 52 бода, Академија Пандев 42, Шкендија 41…

Македонија Ѓорче Петров одигра еден одличен натпревар и на гости ја победи Струга со 1:2, Брегалница на свој терен само ја продолжи агонијата на Пелистер кој и по ова коло остана без првата победа сезонава во ПМФЛ.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…