Дома Останати Кошарка НБА Нова 50-ка на Ирвинг и победа на Бруклин, Вориорси подобри од Клиперси 🎥

Нова 50-ка на Ирвинг и победа на Бруклин, Вориорси подобри од Клиперси 🎥

Тимот на Бруклин изминатата вечер во НБА лигата стави крај на серијата од четири порази откако славеа на гости кај Шарлот со 131:121.

Нетси беа предводени од Кајри Ирвинг кој постигна 50 поени, од кои девет тројки од 12 ободи. Со ваквиот учинок Ирвинг влезе во историјата како еден од 22 кошаркари кои на најмалку два натпревари постигнале 50 или повеќе поени. Треба да се спомене и дека имаше 75% реализација, а единствен кој направил нешто слично во НБА е Мајкл Џордан.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нетси после оваа победа се на осмото место на Истокот со една победа повеќе од Шарлот.

Голден Стејт запиша триумф против ЛА Клиперси од 112:97 и така ставија крај на низата од пет порази. Каминг беше најефикасен со 21 поен, 6 скока и 6 асистенции, а по него следуваа Томпсон и Пол со 20 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бруклин 121-132, Индијана – Кливленд 124-127, Орландо – Феникс 99-102, Мемфис – Њу Орлеанс 132-111, Оклахома – Милвоки 115-142, Голден стејт – ЛА Клиперс 112-97.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…