Скромниот Бразилец не се смета себе за ѕвезда иако игра за Реал Мадрид.
Иако сигурно има основа да се смета за ѕвезда 21-годишниот Винисиус Жуниор покажува дека се работи за скромно момче. На почетокот на годината страна трет највреден играч во светот, после добри настапи во дресот на Реал.
Lazar Keskinov



Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не се сметам себе за ѕвезда. Соблекувалната е полна со освојувачи на Лигата на шампионите ии сите можи трофеи. Јас не сум ѕвезда. Ако јас сум, тогаш што се Марсело, Касемиро, Крос, Модриќ, Начо или Бензема. Јас сум само играч кој се обидува да научи што може“, изјави Винисиус.
Lazar Keskinov



Сезонава Винисиус за Реал Мадрид постигна 16 голови и забележи 12 асистенции на 36 одиграни натпревари. Според најавите на познатиот новинар Фабрицио Романо, Бразилецот наскоро ќе потпише долгорочен договор со Реал.