Дома Фудбал Пандев се враќа во составот на Парма

Пандев се враќа во составот на Парма

Горан Пандев поради повреда ги пропушти последните шест меча за Парма во Серија Б, но сега се враќа на теренот.

Пандев заздрави и ќе биде во конкуренција за настап против Цитадела. Без Пандев во тимот Парма оствари само една победа, изгуби два натпревари и одигре три реми.

Во актуелната сезона „млекарите“ се мачат во втората италијанска лига. Во овој момент имаат 34 бода на 12-та позиција на табелата.

За Пандев како и што тој самиот неколку пати потенцираше претходно ова е неговата последна сезона во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…