Ѕвездата на Реал Мадрид, Един Азар би можел на лето да се врати во Премиер лигата и тоа во дресот на Њукасл, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Азар оваа сезона добива многу мала минутажа па веќе одлучил да ја промени средината, а и Реал сака да се ослободи од него.
Њукасл сака да ја искористи ситуацијата и веќе започнал преговори со неговиот агент, а во моментов е фаворит за неговиот потпис бидејќи испратил понуда која не се одбива.
Азар во 2019 година за 115 милиони евра пристигна во Реал Мадрид, но поради големиот број на повреди никогаш не ги оправда очекувањата.