Дома Останати Светски рекорд на атлетски митинг во Белград🎥

Светски рекорд на атлетски митинг во Белград🎥

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска на митингот во Белград го собори светскиот рекорд во скок со стап.

Дуплантис прескокна височина од 6,19 метри и со тоа го надмина сопствениот рекорд, најдобар на сите времиња. Тоа го направи во третата серија со помош на поддршката од публиката во белградската „Старк арена“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Швеѓанецот има само 22 години, во кариерата освои олимписко злато во 2021 година, светско сребро (2019) и европско злато (2018) на отворено. Минатата година на континенталниот шампионат во сала исто така се закити со титулата шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…