Овој викенд се одржаа првото Државно Првенство за оваа 2022 година и тоа во категорија кадети/ки помлади од 15 години. Првенството се одржа на 06.03.2022 година во Струмица, а учество земаа околу 40 играчи.
Кај момчињата во тесна борба победи Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион Фа од Штип.
- Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
- Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
- Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само 13 години го освои ова државно првенство.
На 05.03.2022 година исто во Струмица се одржа и првиот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година. Победници на овој турнир се:
Мажи
- Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа
- Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
- Теодор Волкановски – ППК Крушево и Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
Жени:
- Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
- Изабела Ковачовска – ППК Берово
- Васе Богоеска – ППК Крушево и Софија Хасану – ППК Крушево