Дома Фудбал Тргна да се тепа, но кога виде дека е Ериксен… 🎥

Тргна да се тепа, но кога виде дека е Ериксен… 🎥

На натпреварот помеѓу Норич и Бретфорд еден момент кој го обиколи светот и во кој главен актер беше Кристијан Ериксен.

Брендон Вилијамс беше подготвен да се тепа со противникот поради груб прекршок,  но кога сфати дека станува збор за Кристијан Ериксен,  веднаш го смени изразот на лицето.

Двајцата фудбалери паднаа на теренот, а Вилијамс веднаш го грабна противникот за дрес, но потоа го промени расположението кога забележа дека пред него е Кристијан Ериксен.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем едвај остана жив откако доживеа срцев удар на дуелот меѓу Данска и Финска, па среќа е што воопшто се врати на фудбалските терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…