Дома Фудбал Германија Официјално: Дембеле заработи суспензија

Официјално: Дембеле заработи суспензија

Борусија Дортмунд официјално го суспендираше младиот Осман Дембеле.

Борусија одлучи да го казни Дембеле поради незаодовлството што клубот не го пушти да замине во Барселона. Иако изминатото лето клубот му вети на Дембеле дека ќе го пушти ако пристигне добра понуда, не сакаат да го препуштат на Каталонците.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


18-годишниот фудбалер се пожали, а Борусија одлучи да го суспендира додека ситуацијата не добие свој епилог.

„Нашиот фокус сега е играчите да ги подготвиме за првиот меч во Бундеслигата со Волфзбург, и потребно е сите играчи да бидат концентрирани на нашиот тим. Дембеле, секако може да тренира самостојно“, истакна директорот на клубот, Зорц.

Со оглед на суспензијата, тоа би можело да значи дека клубот е помирен дека ќе го загуби Дембеле, а на овој начин германскиот клуб сака да добие време, односно да заработи повеќе пари.

Дембеле веќе претходно ги договори сите услови со Барселона, која за него подготви петгодишен договор и 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Флик ќе избрка уште една ѕвезда на Барселона – три гиганти покажаа интерес!

Барселона ова лето ќе одигра важна улога на фудбалскиот пазар бидејќи се очекува да донесе…