Во еден ден четири засилувања потврди унгарска Татабања од Еурофарм Пелистер, претходно денес потврдени беа трансферите на Мараш и Обрадовиќ, а вечерва официјалниот сајт на Татабања потврди дека нивните ракометари од лето ќе бидат уште и Мартон Секељ и Јосип Периќ.
За двајцата ова е враќање во редовите на унгарскиот клуб, Периќ за Татабања настапуваше во сезоната 2014/2015, додека Секељ го бранеше голот од 2016 до 2019.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Унгарците имаат амбициозни планови и во наредните период најавени се и нови имиња со што тимот би станал поконкурентен во европските натпреварувања. Од друга страна се очекува Е.Пелистер во наредниот период да ги пополни испразнетите места.