Од доаѓањето на Антонио Конте на клупата Тотенхем има променливи резултати, а италијанскиот стратег порача дека нема човек кој може да го реши проблемот во редовите на „петлите“ за краток период.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот од Лондон го победи Манчестер Сити, а подоцна изгуби од второлигашот Миделзбору во ФА Купот.




„Во овој момент Тотенхем е во период на подеими и падови. За успех основна задача е клубот да биде стабилен, односно да избегнеме вакви променливи резултати. Ситуацијата тука е таква со години и не е лесно да се промени. Таква промена за брзо време е невозможно да се направи, не само за мене, туку за било кој друг менаџер“, изјави Конте.