Горан Пандев поради повреда веќе две недели не е во составот на Парма, а сега имаше интервју за „Спорт Италија“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа змина Пандев неочекувано од Џенова се пресели во Парма каде што брани легендарниот Буфон кој пред два дена го продолжи договорот со „млекарите“. Пандев посочи дека е среќен во Парма.




„Фокусиран сум на Парма и работам напорно за да се вратам на теренот. Паралелно работам и терапии и тренинзи, па немам време да размислувам за ништо друго. Сконцентрирам сум на Парма за да се вратам побрзо на теренот и да им помогнам на соиграчите“.




„Во Парма пронајдов семејство и сум многу среќен. Знаев дека доаѓам во голем клуб со фантастични навивачи, а претседателот Крусе ме изненади затоа што секој тренинг е со нас. Навистина многу се грижи за сите нас и тоа е важно за фудбалерите. Дефинитивно сакам да покажам се на теренот, се уште сакам да постигнувам голови. Дојдов затоа што верувам дека можеме до плеј-офот иако заостануваме“.




Буфон и Пандев се имиња кои оставија голем белег во калчото, а сега се соиграчи.




„Среќен сум за Џиџи, тој е симбол на светскиот фудбал. Знам колку се грижи за овој тим и верувам дека ќе ја врати Парма каде што и заслужува“, порача Пандев.
Во првите натпревари за Парма Пандев веќе го постигна и својот прв гол.