Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на мета на многу европски гиганти, па на лето е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но и неговиот менаџер истакна дека СМС е спремен за трансфер во голем клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За Милинковиќ Савиќ интерес покажуваат многу европски гиганти, но најконкретен е Пари Сент Жермен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот на „светците“, Насер Ал Келаифи лично се сретнал со агентите на Србинот и спрема богата понуда за да го донесе во Париз.
Лацио сигурно нема лесно да се откаже од Србинот и за неговата слобода бара 70 милиони евра, но тоа нема да биде проблем за ПСЖ.
27-годишниот играч за врска веќе донел одлука да го напушти Лацио на лето и да направи чекор напред во кариерата.