Дома Топ вести Халанд има свој сон, но Раиола има поинаков план

Халанд има свој сон, но Раиола има поинаков план

Мадридските и каталонските медиуми продолжуваат да водат свое „Ел Класико“ за потписот на Ерлинг Халанд.

Утрово мадридските медиуми објавија дека сонот на Ерлинг Халанд е да го облече дресот на Реал Мадрид, но од Каталонција доаѓаат поинакви вести.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тамошните медиуми тврдат дека Мино Раиола го убедува Халанд и неговиот татко дека Барселона е подобра опција за напаѓачот. Лапорта преку Раиола испратил понуда од 150 милиони евра за пет години, што значи дека Халанд на „Камп Ноу“ годишно ќе заработува 30 милиони евра.

Исто така Барселона е спремна да ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра, како и 40 милиони евра провизија за Раиола и таткото на играчот.

Битката за потписот на Халанд продолжува, а Реал Мадрид и Барселона важат како фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…