Дома Фудбал Останато Наскоро – Меси против Барса?

Наскоро – Меси против Барса?

Лионел Меси во изминатото лето беше принуден да ја напушти Барселона, а наскоро би можел да игра против своите соиграчи.

Иако Барселона беше елиминирана од Лигата на шампионите Меси би можел со Каталонците да се сретне пред почетокот на наредната сезона. Наводно, Барса и ПСЖ можат да бидат гости на турнеа во Австралија по крајот на сезоната.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Најавите се дека Австралија сака да биде домаќин на Барса, ПСЖ и Манчестер Јунајтед кон крајот на мај. Клубовите секако би добиле огромни пари, што би било и единствениот мотив за да ја прифатат понудата.

Доколку тоа се случи Меси за првпат ќе игра против својата Барса, па натпреварот сигурно и тоа како ќе добие на внимание. Не треба да се потсетува што Меси направи за каталонскиот гигант за 21 година колку што се задржа во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претседателот на Спортинг: Притисокот на Ѓокереш ги прави работите само потешки

Претседателот на Спортинг Лисабон Фредерику Варандаш и овој пат беше категоричен дека обид…