Директорот на Манчестер Јунајтед, Џон Мартоу потврди дека клубот ќе го задржи Ралф Рангник како директор и дека ја почнал потрагата по нов тренер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Таков беше и првичниот догоговор со Рангник, кој треба привремено да ја извршува функцијата тренер до крајот на сезоната, а потоа ќе има улога на консултат на „Олд Трафорд“.
„Во моментов сме во процес на барање на нов тренер за постојано, кој треба да го преземе тимот од летото“, изјави Мартоу.
„Неговата цел ќе биде да направи тим со кој повторно ќе се бориме за трофеи во Англија и на меѓународна сцена“, додаде директорот.
Актуелниот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино е најголема желба на „црвените ѓаволи“.