Фудбалерот на Јувентус, Матијас Де Лихт во целост е фокусиран на Јувентус и покрај тоа што неговиот агент Мино Раиола пред три месеци најави заминување на Де Лихт на лето.
Според зборовите на поранешниот капитен на Ајакс многу работи се промениле од тогаш до денес. Повредите на Киелини и Бонучи придонесоа тој да биде прв столб на одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа што го кажа Раиола беше пред три месеци. Тоа е време за кое може многу работи да се променат. Во овој момент сум фокусиран на оваа сезона. Навистина уживам во Јувентус. Секоја недела учам нешто ново и тоа ми се допаѓа“, изјави Де Лихт.
Де Лихт даде коментар и за заминувањето на Роналдо пред почетокот на минатата сезона.
„Го изгубивме Роналдо оваа сезона, а со него и 30 голови. Кога играв против Душан сфатив колку е силен и технички надарен, посебно ме импресионираше неговата мотивација за постигнување голови“, истакна дефанзивецот.