Првата титула во Лигата на шампионите Лионел Меси ја освои во сезоната 2005/2006 година како играч на Барселона. Аргентинецот тогаш беше млад и немаше преголем удел во освојувањето на европската круна.
Таа сезона Меси го носеше дресот со број 30 со кој игра сега во ПСЖ. Финалето во кое Барселона победи со 2:1 против Арсенал се играше на „Стад де Франс“ во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После одлуката на УЕФА да го одземе домаќинството на Санкт Петербург се одлучи и оваа година Париз да биде домаќин. Оние кои веруваат во традиција сметаат дека сезонава може да се повтори историјата и Меси со ПСЖ да застане на тронот на Европа.
ПСЖ во осминафиналето од ЛШ има предност од 1:0 после првиот натпревар и го чекаат реваншот.
Lionel Messi won his first Champions League with Barcelona in 2006 when he was wearing the number 30 shirt and the final was at the Stade de France. Now 16 years later, he's wearing the number 30 shirt with PSG and the Champions League final is at the Stade de France. pic.twitter.com/MG3ADQ89S6
— Roy Nemer (@RoyNemer) February 26, 2022