Дома Фудбал Останато Во битката за Киев загина 21-годишен фудбалер

Во битката за Киев загина 21-годишен фудбалер

Веќе неколку дена е во тек руската операција во Украина во која веќе животот го загубија многу луѓе.

Најголемиот дел од западните земји го осудија потегот на Русија. Утрово е објавено дека Русите влегле и во Харков, а во исто време се водат битки и во Киев. Токму таму животот го загуби младиот 21-годишен фудбалер кој настапуваше за Карпати Лавов, Виталија Сапило.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сапило беше принуден да ги остави своите фудбалски соништа и да и помогне на својата земја во одбрана на нападите.

„Загина бранејќи го нашиот главен град кој Русите сакаат да го окупираат“, соопштија од Карпати.

Животот младиот фудбалер го загубил во петокот во битка во близина на Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дарко Панчев: Интер беше грешка, јасно дека ќе навивам за Звезда

Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев даде интервју за „Газета дело Спорт“ пред ду…