Селекцијата на Полска донесе одлука да не игра во баражот против Русија кој беше закажан за на 26. март.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако Полска објави дека нема да игра со Русија поединечно се огласуваа и фудбалерите на репрезентација. После Левандовски, следен беше Шчесни.




„Мојата сопруга е родена во Украина, во вените на мојот син тече украинска крв, Украина е дел од нашата фамилија. Тоа што гледам како страдаат не ми дава да се преправам како ништо да не се случува. Путин со оваа инвазија не и објави војна само на Украина туку и на вредностите за кои се залага Европа, пред се на слободата, незавнисноста и мирот“.




„На 26. март требаше да играме против Русија во бараж за СП во Катар. Но, совеста не ми дава да играм. Претставувањето на својата е најголема чест, но јас одбивам да играм против фудбалери кои одлучиле да ги претставуваат вредностите и принципите на Русија“.




„Одбивам да стојам на теренот носејќи ги боите на мојата репрезентација и да ја слушам националната химна на Русија. Одбивам да бидам дел од таков спортски настан. Знам дека имам симболично влијание, но ги повикувам УЕФА и ФИФА да преземат акција и да ја повикаат руската федерација за постапките кои ги прави оваа држава“, порача Шчесни.