Дома Фудбал Останато Во Галатасарај оптимистични: Веруваме ќе ја елиминираме Барселона

Во Галатасарај оптимистични: Веруваме ќе ја елиминираме Барселона

Барселона во осминафиналето од Лигата на Европа ќе игра двомеч со турскиот гигант Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот тим секако е голем фаворит за пласман во помеѓу најдобрите тимови во ова натпреварување, но од истанбулскиот клуб јасно тврдат дека нема да се предадат во овие натпревари.

Тие сметаат дека Галатасарај може да ја исфрли Барселона, а изјавата на членот на Управниот одбор Нихат Кирмиз е прилично оптимистичка.

„Веруваме дека ќе ја исфрлиме Барселона. Не смееме да заборавиме дека ние сме Галатасарај.

Коментар за ждребот даде и тренерот на Доменек Торент.

„Барселона во претходниот ждреб беше најлошиот тим, но во овој момент се на високо ниво. Веројатно се тимот со најдобра форма во Европа. Чави знае што прави, против Наполи покажаа што можат“, изјави стратегот на рускиот клуб.

Првиот натпревар помеѓу овие два клуба се игра на 10. март, а реваншот е закажан за 10 дена подоцна во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…