Дома Фудбал Англија Бурно во Тотенхем, Конте пред отказ

Бурно во Тотенхем, Конте пред отказ

Тотенхем во три дена премина од слава во очај. Големата победа над Манчестер Сити беше анулирана од срамниот пораз против Барнли.

Тоа го натера темпераментниот Антонио Конте јавно да го искаже своето незадоволство во клубот и најави дека ќе разговара со раководството.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради тоа претседателот Даниел Леви повика итен состанок со италијанскиот стратег, на кој ќе се разгледува иднината на Конте во клубот.

Тотенхем е поразен во четири од последните пет лигашки натпревари, поради што италијанскиот стручњак се запраша дали тој е вистинскиот човек за работата, бидејќи не успеал да донесе напредок после неговото доаѓање.

Наводно Конте е спремен да поднесе оставка, а Даниел Леви ќе се обиде да спречи таква разврска.

Италијанецот ќе бара гаранции и поддршка од раководството, а медиумите тврдат дека постои сериозна можност двете страни да се разделат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…