Дома Фудбал Пујол: Кога Барса го доведе Чави се обложив дека ќе ја освои Ла Лига

Пујол: Кога Барса го доведе Чави се обложив дека ќе ја освои Ла Лига

Барселона игра одличен и напаѓачки фудбал под водство Чави и изгледа стратегот полека го поставува системот во кој играчите се пронаоѓаат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера Барселона го победи Наполи со 2:4 и тоа е втор натпревар во низа на кој каталонскиот тим постигнува четири гола откако Валенсија беше победена со 1:4 во Ла Лига.

Ваквата игра која ја прикажува Барселона носи оптимизам помеѓу фановите и поранешните фудбалери на овој тим.

„Кога Чави беше доведен се обложив дека ќе ја освоиме Ла Лига. Не знам дали ќе платам вечера, но ако е нешто сигурно тоа е дека овој тим ми се допаѓа. Верувам дека оваа Барселона ќе ни донесе радости и порано од тоа што мислиме“, изјави Пујол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…