Во Украина е донесена до некаде и очекувана одлука, стопиран е фудбалот во оваа земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалскиот сојуз на Украина соопшти дека е донесена одлука за прекин натпреварувањето откако претседателот Володимир Зеленски прогласи воена состојба.




Натпреварите после зимската пауза требаше да продолжат за викендот, но тоа нема да се случи. Засега одложени се за најмалку 30 дена и нема одлука кога првенството ќе продолжи со сигурност.




Ќе потсетиме и македонскиот репрезентативец, Ѓоко Зајков е дел од украинското првенство. Зајков неодамна потпиша за Ворскла, а утрово порача дека неговиот град не е помеѓу нападите и чекаат да бидат спроведени.