Дома Македонски спорт Мак фудбал Зајков од Украина: Во моментов сме безбедни, чекаме да бидеме спроведени

Зајков од Украина: Во моментов сме безбедни, чекаме да бидеме спроведени

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков настапува за украинскиот клуб Ворскла и во моментов е затекнат во Украина, среде воената интервенција на Русија.

Зајков е безбеден, а градот каде што се наоѓа не е цел на напад.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците, кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам“, изјави македонскиот репрезентативец.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…