Сергеј Самсоненко денес излезе со изјава со која ја шокираше македонската спортска јавност, рускиот бизнисмен најави дека ова е негова последна сезона во Вардар и дека од наредната клубот го препушта на претходните сопственци.
Познато е дека навивачите на Вардар, беа крајно револтирани од астроносмките цени за натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа, некои отидоа и предалеку со навреди кон сопственикот на Вардар, токму тие навреди беа причината за одлуката на Самсоненко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самсонеко освен најавата заминување објави и дека билетите ќе се продаваат по сиболична цена од 300 денари за секој дел од стадиониот. Ова беше и повик до македонската најголема навивачка група „Комити“ да излезе со свое соопштение, кое ви го пренесуваме во целост.
Браќа Комити
Пред нас е многу важен натпревар, играме двомеч за пласман во групна фаза од Лига на Европа, играме против Фенербахче, реномиран противник којшто има големо искуство настапувајќи тука но и во најреномираното натпреварување и заслужува респект…Но натпреварот е важен уште повеќе поради тоа што сме ние сега пред еден сериозен испит, каде треба да покажеме од што сме направени…Неверојатно е дека бевме испровоцирани и повредени од луѓето од нашето семејство, бевме ставени во позиција да ги браниме вредностите и историјата на клубот и едноставно ни беше фрлена ракавица пред очи, бевме ставени пред тежок испит и беа испитани нашите граници на толеранција, но сега тоа е зад нас, се е подредено пред овој натпревар, забораваме на се и целиот наш фокус е тука… Градскиот стадион е одбранет, Градскиот стадион повторно ќе биде во својот полн сјај, Градски повторно е црвено-црн! За тоа да биде така и во Четврток на 17.08 сме должни сите ние да допринесеме…Имаме кратко време но сосема доволно
да се консолидираме и да го наполниме стадионот. Купувајте карти за Западната трибина, должни сме да ја наполниме како никогаш досега, сега ние ја фрливме ракавицата и немаме никаков избор освен да се прикажеме во најдобро светло и да покажеме дека борбата за одбрана на нашите идеали и вредности не е залудна…Цена на билетот е 300 денари, Блокови на Западна трибина: 25, 26, 27, 28, 29 и 30…Линк каде може да се купат билети онлајн: https://sales.ticketplus.mk/OnlineSale/?id=314.
Секогаш кога било потребно ние сме биле на висината на задачата и така мора да биде и сега. Пренесете го овој повик до сите ваши соборци од трибина, нашето старо членство, на сите оние на кои во вените им тече Комитска крв, Пренесете им дека Вардар живее вечно, и дека Скопје ќе гори
на 17.08. во 20ч. Пренесете им дека сме должни со целото наше битие да ја одбраниме честа на Скопје и Македонија! Пред нас е голем дуел, исто онолку важен како и дуелот со Копенхаген, пред нас е историја…Ние веруваме во Вардар, веруваме во можностите на фудбалерите, но за разлика од другите ние
веруваме и во чуда. Едно чудо пред само еден месец стана реалност, Вардар стана Европски првак во ракомет!!! Веруваме и во уште едно чудо, пласман во Групна фаза од Уефа Лига на Европа…Ве повикуваме сите вас кои некој ве донел на Јужната трибина да го проследите вашиот првиот натпревар натпревар на Вардар, Поклонете му билет, израдувајте го и споделете ја меморијата која ќе живее се додека живееме ние. Вардар ќе живее се додека љубовта се пренесува од генерации на генерации…Пренесете ја повторно љубовта кон Вардар како што вам ви беше пренесена! Не подлегнувајте на сервираните провокации, и не дозволувајте да бидете дел од сценарија од кои корист би имале други страни. Навиваме од срце за Вардар!
СОБИР – СОБОРЕН ХРАМ 17ч.