Одличен натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите одиграа Бенфика и Ајакс.
Од самиот почеток на натпреварот двете екипи играа офанзивно, создадоа многу прилики, а мрежата првпат се затресе во 18. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тадиќ го искористи додавањето на Мазрауи и го доведе Ајакс во водство од 0-1.
После тоа Бенфика тргна по погодок, а во тоа им помогна Халер кој во 26. минута си постигна автогол за 1:1.
Халер успеа три минути подоцна и постигна гол за ново водство на Ајакс од 1-2 и резултат во првото полувреме.
Во продолжение слична игра на теренот. Имаше шанси и пред двата гола. Бенфика ги пропушти своите две на Силва и Нуњез.
Преку расположениот Тадиќ се закани и Ајакс. Добра шанса во средината на вториот дел имаше и Халер.
Славје на Орлите од Лисабон во 72. минута. Јаремчук погоди за 2-2, кој десет минути пред голот влезе во игра на местото на Евертон.
По голот на Јаремчук имаше повеќе шанси, можеше да се постигне уште некој гол, но остана 2:2 и сигурно е дека не очекува возбудлив реванш во Амстердам.
На овој натпревар беа забележани вкупно 26 удари кон голот, од кои 11 во рамките на голот.