Дома Топ вести Чудно: ПСЖ губи само кога на теренот заедно се Меси, Нејмар и Мбапе

Чудно: ПСЖ губи само кога на теренот заедно се Меси, Нејмар и Мбапе

Францускиот гигант ПСЖ сезонава сака успех како во домашното првенство така и во Европа, главната цел на тимот е освојување на Лигата на шампионите.

На последниот натпревар во Лигата на шампионите ПСЖ забележа победа против Реал Мадрид, но веќе во викендот кој е зад нас беа поразени од Нант во домашното првенство со 1:3. Тоа за ПСЖ сезонава беше трет пораз, претходно загубија од Манчестер Сити и Рен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Интересно е што во тие три дуели кои ги загуби ПСЖ во стартниот тим играше триото кое се најавуваше како страв трепет Нејмар – Мбапе – Меси.

Нејмар претходно беше повреден од 28. ноември до 20. февруари и во тој период ПСЖ немаше пораз во ниту едно натпреварување. Во 2022 година имаа примено само два гола, а по враќањето на Бразилецот примија три за 45 минути.

Останува да видиме како во наредниот период ќе игра ударното трио на клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино испрати јасна порака по шпекулациите за враќање во Тотенхем

Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави Маурисио Покети…