Дома Фудбал Лига на шампиони Дел Пиеро за дебито на Влаховиќ во ЛШ: Нека влезе во натпреварот со ладна глава

Дел Пиеро за дебито на Влаховиќ во ЛШ: Нека влезе во натпреварот со ладна глава

Легендата на Јувентус Алесандро Дел Пиеро пред натпреварот помеѓу Виљареал и Јувентус во осминафиналето од ЛШ му порача на Душан Влаховиќ да влезе со ладна глава во натпреварот.

Влаховиќ од доаѓањето во Јувентус добро започна, но против Торино остана без гол, а ги доби и првите критики од јавноста.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Не му се потребни него совети за ова деби, тој е човек со јасни идеи. Доаѓа од посебна земја има искуство со играњето во нашиот фудбал и тоа го покажа со головите. Сериозен е и сака да работи, треба да биде само смирен за дебито. Јас не се сеќавам на ништо од своето деби, бев многу млад…Тогаш ни фалеа Вијали, Раванели, одлуката кој ќе игра беше меѓу мене и Падовано. Му препорачувам да игра со ладна глава и да мисли само на соиграчите“, истакна Дел Пиеро.

Виљареал и Јувентус вечерва се сретнуваат во осминафиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…