Дома Останати Тенис „Не е во ред Ѓоковиќ да игра во Рим“

„Не е во ред Ѓоковиќ да игра во Рим“

Претседателот на Олимпискиот комитет на Италија, Џовани Малаго изјави дека не го одобрува потенцијалното доаѓање на Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим.

Според Малаго не е во ред Ѓоковиќ да биде дел од турнирот во Рим ако не е вакциниран, а ќе потсетиме српскиот тенисер неодамна порача дека и по цена на кариерата нема да се вакцинира.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Дали е во ред Ѓоковиќ да учествува на Мастерсот во Рим? Апсолутно не. Не би било во ред да се тушира, тренира и спие во комплексот со остатоткот од играчите. Секојдневно добивам мејлови од загрижени родители на кои децата не можат нормално да им се занимаваат со спорт поради бараните сертификати“, изјави Малаго.

Ќе потсетиме Ѓоковиќ вчера го започна турнирот во Дубаи и лесно се пласираше во следната рунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски го победи Италијанецот Форти и ќе игра во главната фаза на Челинџерот во Сан Марино!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на турнирот во Сан …